Македонија

Блокиран патот Битола-Кичево – граѓаните најавија: Протести се додека не се реши проблемот

Блокиран патот Битола-Кичево – граѓаните најавија: Протести се додека не се реши проблемот

Граѓани денеска го блокираа патот Битола – Кичево, каде побараа реконструкција на патниот правец.

Тие преку мирни протести го искажаа своето незадоволство.

„Целта на овој протест е патот, самите дупки зборуваат, тој е уништен веќе. Од 71-72 е граден и досега неквалитетно само се крпат дупките. Граѓаните се гневни, а властите нема доволно слух“, вели еден од демонстрантите.

Граѓаните велат дека протестите ќе бидат се додека не се реши овој проблем.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни