Блокирана Пластичарска

Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска предизвика револт кај дел од жителите на скопската населба Серава, кои организираа спонтан протест и ја блокираа улицата Пластичарска, во близина на булеварот „Никола Карев“.

Според информациите од терен на протестот се собрале околу 50 до 60 граѓани, кои поради исклучувањето на струјата од страна на ЕВН излегоа на улица за да го искажат своето незадоволство.

Се вчитува...

Поради блокадата, сообраќајот на булеварот „Никола Карев“ е целосно пренасочен во двата правци, што предизвика застои и отежнато движење во овој дел од градот.

На местото на настанот се присутни надлежни служби кои ја следат состојбата, се грижат за безбедноста и го регулираат сообраќајот. Граѓаните наведуваат дека ненадејниот прекин на електричната енергија им создава сериозни проблеми во секојдневното функционирање.

Засега не се пријавени инциденти, а се очекува надлежните институции и ЕВН да излезат со официјален став и појаснување за случувањата.