Македонија

Бобан Данов со сребро на Европскиот самбо куп во Дубровник

Бобан Данов со сребро на Европскиот самбо куп во Дубровник

На Европскиот самбо куп што се одржа во Дубровник, Хрватска, Бобан Данов во категоријата +98 кг го освои сребрениот медал, потврдувајќи ја својата борбена доминација на меѓународната сцена.

Данов стигна до финалето со три победи – една против натпреварувач од Германија и две против хрватски самбисти. Во полуфиналето го совлада Нико Микола од Хрватска со резултат 7-2. Во финалната борба загуби од израелскиот репрезентативец Владимир Полоцки, двократен европски првак, иако според македонскиот табор Бобан бил подобар на тепихот.

Во истата конкуренција, Бенјамин Факиќ во категоријата -79 кг се бореше до полуфиналето со две победи, но потоа загуби од искусен борец од Швајцарија.

Успесите на Данов и Факиќ ја потврдуваат силната форма на македонскиот самбо тим на меѓународната сцена.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни