Бочварски не знае дали автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов до декември како што вети

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски не кажува дали автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов до крај на декември, како што тој и премиерот Димитар Ковачевски најавуваа неколкупати. Тие не само што тврдеа дека ќе биде готов туку викаа мора да биде готов.

Денеска Бочварски одговарајќи на новинарско прашање за автопатот, кажуваше како се одвиваат градежните работи и дека делови ќе биле пуштени во употреба, но конкретен одговор избегнуваше да даде.

„Стоиме на ставот дека сите патишта кои ги започнавме треба да направиме максимални напори да ги завршиме. Овде станува збор и за оваа делница од автопатот Скопје-Тетово, која сега се рехабилитира, и за автопатот Кичево-Охрид, кој го затековме со голем број проблеми. Проблемите се решаваат и отстрануваат, а веќе се поставува и третиот слој асфалт. Ние правиме притисоци да почне сукцесивно дел по дел да се пушта автопатот од тоа што е подготвено. Ќе почне асфалтирање на третиот слој од Охрид кон Подмоље, продолжуваме кон аеродромот во Охрид, Ботун и кон Кичево. Правиме притисоци фирмите да си ја завршат работата бидејќи институцијата својата работа ја завршија, рече Бочварски на увидот на градежните работи за рехабилитација на автопагтот Скопје-Тетово.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното