Без разлика на исходот од изборите во Србија, поранешниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ, се надева дека добрите односи и соработката меѓу Македонија и Србија ќе продолжат.
Во „Ноќно студио“ на 4ТВ, Богдановиќ беше прашан како евентуалната промена на власта во Белград би можела да се одрази врз односите меѓу двете земји.
Тој истакна дека досегашните контакти и соработката се развивале во позитивна насока, но дека не може да прогнозира каква политика би водела евентуална нова власт.
„Знам дека досегашните контакти и соработката одеа во нагорна линија и се надевам и верувам дека така ќе остане и понатаму“, рече Богдановиќ.
Тој додаде дека нема директни контакти со претставниците на студентската листа и дека не е доволно запознаен со нивните планови и програма за да дава конкретни процени.