Богоев: Ќе се чистат уште две депонии и најстрого ќе се казнуваат „загадувачите“ - 4NEWS.mk
Поврзи се

Македонија

Богоев: Ќе се чистат уште две депонии и најстрого ќе се казнуваат „загадувачите“

По повод затрупувањето на една од најголемите диви депонии во Општината, наспроти Карпош 4, каде што денес со градежни машини се расчистуваше шутот и се пополнуваше вдлабнатината со земја, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

„Денес ја расчистуваме дивата депонија долж реката Вардар, кај мостот „Газела“. Ова е еден од деловите кадешто во изминатиот период, најчесто несовесни граѓани, палеа огнови и со тоа го загадуваа воздухот, а се создаваше и огромно сметлиште, односно дива депонија. Како што го правиме ова денес, и во претстојниот период планираме кај хотелот „Александар Палас“ и кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“, исто така да ги расчистиме депониите, и тоа, не само за да имаме чиста околина и земјена и тревна површина, туку со тоа да превенираме палења на овие критични места кадешто во минатото интензивно се палеше.

Крајната намера ни е, на овие простори, кај што имаше диви депонии, по завршување на чистењето, да се оплеменат со ново зеленило и нова урбана опрема веќе на пролет, со цел граѓаните да може непречено да ги користат. Ја користам оваа прилика, да потенцирам најсериозно, дека најстрого ќе бидат казнети сите несовесни граѓани кои ќе се обидат да фрлаат шут, градежни материјали, ѓубре од домаќинство или да палат отпад на отворено. За ова, ние, заедно со Градот Скопје и со Државниот инспекторат за животна средина и сите надлежни институции ќе бидеме без никаква толеранција за нарушувањето на законот и со тоа загадувањето на воздухот и на околината. Ние натаму ќе продолжиме со реализација на нашата заложба за чист воздух, за зелена општина и за здрава животна средина“, изјави Богоев.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама