Македонија

Богоевски: Џафери направи будали од сите нас!

Претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски на својот „Фејсбук“ профил објави дека Талат Џафери, претседателот на Собранието направил будали од сите, со тоа што го злоупотребил Собранието и го заштитил организаторот на настаните од 27 април од притвор. Исто така напиша дека е лага информацијата дка одложувањето на седниците било поради отсуство на пратеници кои бил на службен пат.

„Нашиот глас за Талат Џафери на 27ми април резултираше со обид за наше убиство и терористички акт врз законодавниот дом. Тој немаше ниту гребнатинка.

Вчера, тој го злоупотреби истото Собрание и го заштити организаторот од притвор, правејќи будали од сите нас.

Денес низ медиумите прочитав информација дека парламентарните седници се одложени поради тоа што дел од пратениците се на службен пат.

Тоа е уште една лага која најверојатно е излезена од неговиот кабинет.“, напиша Богоевски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни