Митко Бојмацалиев кој за време на техничката Влада беше дополнителен заменик министер, денеска на својот Фејсбук профил објави дека по 7 години посветена работа во МВР, завршува еден важен дел од неговата кариера.
„Денес, по 7 години посветена работа во Министерството за внатрешни работи, завршувам еден важен дел од мојата кариера.
Прекрасно искуство беше да бидам дел од тимот кој работеше на многу значајни проекти и реформски иницијативи. Благодарност до сите соработници кои искрено и без калкулации соработувавме во сите овие години – вашата поддршка и партнерство беа од неизмерна важност.
Посебна благодарност до поранешниот министер Оливер Спасовски за можноста да бидам дел од неговиот тим и да придонесам кон зајакнување и унапредување на Министерството. Вашата доверба и визија беа инспирација за професионален раст и заеднички успеси.
Со гордост ќе ги носам сите искуства.
Време дојде за нови предизвици и искачување на нови височини“, вели Бојмацалиев.