Болниците преполни со деца заразени со вирус – доколку имаат симптоми, никако не ги пуштајте во училиште!

Респираторниот синцицијален вирус ги „преплави“ болниците со деца, па така болничките капацитети се веќе преполни, како во Болницата „Козле“, па така и на Клиниката за детски болести – Скопје, јавува ТВ21.

Од таму велат дека најкарактеристични симптоми се кашлање, секрет од носот и кивање, додека пак најпогодени од респираторниот вирус се бебињата.

Педијатарот Фитим Реџепи вели дека станува збор за вирус кој најмногу ги заразува бебињата од вториот до шестиот или осмиот месец.

„Го зафаќа долниот дел на респираторниот тракт, предизвикувајќи кашлање, секрет од носот и кивање, а во потешки форми имаме и отежнато дишење. Детските болници, и во Скопје и во Тетово се преполни со деца со исти симптоми. Главно пренесувањето на овој вирус се прави преку воздухот, кашлањето, кивањето, секрет на респираторниот тракт, а носењето маски што беше и за време на пандемијата исто така може да биде заштитна мерка за овој вирус“, вели Фитим Реџепи.

Па така, вели тој, доколку забележите дури и поблаги симптоми, не ги праќајте децата во градинки или училишта.

Како превентивна мерка, препорачува да се консумираат повеќе течности и витамини.

„Неодење на училиште доколку имаме болни деца, за да не ги заразиме и друдите, доволна исхрана со витамини и консумирање течности, супортивен третман со антипиретици, добро проветрување на просторите, оптимална температура или добро греење, би влијаело позитивно во спречување на вирусот“, вели Реџепи.

Извор: ТВ21

Поврзани вести

spot_img

Најважното