Вака беа пречекани амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, во Основното училиште „Хасан Приштина. Тие пред децата од различни етнички заедници, кои се натпреваруваа во шах, говореа за деструктивните феномени и екстремизмот. Ганиу рече дека во едно мултиетничко општество спортот е тој кој ги обединува сите.
“Се разбира дека спортот е еден од нештата кој обединува и зближува во ова мулти-етничко општество. Ние сме навистина благодарни што овој проект ги опфаќа токму училиштата во Чаир. Со оглед на тоа што едуцирањето на новата генерација во прозападен дух и всадување на нивната љубов кон спортот како предмет за здрав психо-физичко развој, ќе оневозможи проникнување на девијантните феномени“, рече градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.
Британската амбасадоркаа Галовеј, им се заблагодари на раководителите на институциите за дадената поддршка на програми од ваква природа.
„Како британска амбасадорка во Република Северна Македонија мило ми е што можеме да поддржиме проект кој директно влијае врз животот на луѓето. Различноста е силата на секое општество“, изјави Рејчел Галовеј, амбасадорка на Велика Британија во Скопје.
Директорката на ОУ „Хасан Приштина“, Љуљета Ќерими, им се заблагодари на амбасадорката Галовеј и градоначалникот Ганиу, што го избрале токму ова училиште за да ја промовираат кампањата против екстремизмот.
„Самиот фактот што двете училишта се мултиетнички ја одразува и целта на организацијата поддржана од британската амбасадорка, како и од Амбасадата на Кралството Холандија, преку која всушност им се претставуваат активности на учениците преку шахот. Оваа игра ја играат добро сите ученици без оглед на која етничка заедница припаѓаат“, изјави Љуљета Ќерими, директор на ОУ „Хасан Приштина“.
Амбасадорката и градоначалникот Ганиу, ветија дека ќе го направат невозможното за да ги оддалечат луѓето од деструктивните феномени, но побараа здружување на општествените сили против како што рекоа, секаков вид на екстремизам.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ