Македонија

Борбата со корупцијата во Македонија само желба, ниту еден предмет од антикорупционерите не завршил со пресуда

Борбата со корупцијата во Македонија само желба, ниту еден предмет од антикорупционерите не завршил со пресуда

Барем сите кои изминативе две недели од функционерите јавно се појавија рекоа дека го поддржуваат планот на САД за испраќање на екперти во нашата земја кои ќе гонат корупција од актуелни, но и поранешни функционери.

Дека борбата со корупцијата е само желба во Макеоднија, потврдува состојбата и со Антикорупциската комисија. Постојано отвораат нови предмети, но досега ниту еден не завршил со судска пресуда.

„Нашите иницијативи не се стигнати до суд. Значи, до обвинителство и таму имаат завршено. За 4 години имаме околу 27 иницијативи за кривична одговорност и 31 иницијатива за одговорност од разни други органи против функционери или други вработени кои го прекршиле законот За сите нив, нема епилог“, вели Шемси Салаи.

Злоупотреба на 3.5 милиони евра за 150 луксузни автомобили во време на пандемија, избор на ќерката на собранискиот спикер Џафери во Надзорниот совет на ЕСМ, сомнителни трансакции на презентерката Ејупи, сомнеж за злоупотреба на позицијата на министерот за култура Хисни Исмаили, злоупотреба на средства од ЕУ од екс директорката Лидија Димова, се само неколку од случаите кои ги покренала Антикорупциска но ниеден од нив нема судски епилог. Соред Салаи, некои случаи се уште се во фиоките на Обвинителството и чекаат одговор, а најголемиот дел од предметите се отфрлени како неосновани или бидејќи не содржат елементи за покревање тужба на суд.

„Сега влијание има политиката, влијанието е нешто што не може да се докаже како такво, но од самиот факт дека не е постапувано на време, тоа се елементи кои го даваат тоа влијание, до некаде и докази за влијанието“, додава Шемси Салаи.

Во меѓувреме сите сегашни и поранешни функционери се изјасниле дека се подготвени за борба против корупцијата, но во пракса ниедна власт не сменила ништо. Американската амбасадорка Ангела Агелер рече дека корупцијата во Македонија е очигледна и кога граѓаните одат на лекар, кога запишуваат дете во училиште и кога бараат работа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни