Свет

Борбата со шумскиот пожар во близина на градот Мерсин во јужна Турција продолжува трет ден по ред

Борбата со шумскиот пожар во близина на градот Мерсин во јужна Турција продолжува трет ден по ред

Борбата против шумскиот пожар што избувна во среда во близина на селото Чамлаџа во јужниот округ Мерсин продолжува трет ден по ред, при што речиси 350 пожарникари продолжуваат да го гаснат на копно, а воздушните екипи ја продолжија работата од изгрејсонце, јавува агенцијата Анадолија.

Според локалните власти, речиси 1.000 домаќинства се евакуирани поради пожарот, а пламените јазици досега предизвикаа сериозна штета на над 50 куќи во селата Киртл, Балендиз, Имамушаги, Чамлица, Исикли и Акдере. Еден пожарникар и 16 граѓани се хоспитализирани поради вдишување чад, објавија и властите.

Во меѓувреме, сообраќајот на патот Силифке-Ѓулнар, кој вчера беше прекинат поради чад од шумскиот пожар, е исто така обновен.

Во меѓувреме, гувернерот на Мерсин, Атила Торос, објави дека продолжуваат работите за гаснење на уште еден пожар што избувна вчера во реонот на селото Коручук, исто така во округот Мерсин. Поради ширењето на пламенот, населено место во областа е евакуирано, а копнени и воздушни екипи моментално се вклучени во гаснењето на пожарот.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни