Балкан

Борел: Белград и Приштина постигнаа договор за табличките

Борел: Белград и Приштина постигнаа договор за табличките

Главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими, вечерва постигнаа договор, според кој Србија ќе престане да издава регистарски таблички со имињата на градовите во Република Косово, додека Приштина ќе ги прекине понатамошните дејствија поврзани со ре -регистрација на возила, објави високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Јозеп Борел.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ утре ќе зборува за деталите од договорот меѓу Белград и Приштина по средбата со Милорад Додик и Жељко Цвијановиќ.

Албанците вечерва прифатија се што отфрлија претходните денови и за кое не сакаа ни да слушнат, соопшти вечерва Канцеларијата за Косово и Метохија, наведувајќи ги главните придобивки од договорот постигнат во Брисел.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни