Балкан

Борисов: Соседите од Северна Македонија покажаа дека не ги разбираат европските вредности

Борисов: Соседите од Северна Македонија покажаа дека не ги разбираат европските вредности

Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов објави статус на Фејсбук преку кој го осуди исврикувањето на бугарската химна во Скопје.

Македонија загуби со 0-1 од нашиот источен сосед во Лигата на нации, а Борисов го осуди говорот на омраза.

„Почит до момците од фудбалската репрезентгација. Вака се брани достоинството на една нација. Го осудувам навредувањето на бугарската химна на мечот меѓу Бугарија и РСМ. За жал, соседите во Северна Македонија покажаа дека не ги разбираат европските вредности“, кажа тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни