Сопругата на поранешниот премиер, Никола Груевски, Боркица Груевска поднела пред Основниот граѓански суд во Скопје барање за развод.
Судскиот оглас бил објавен јавно во Службен весник, бидејќи Груевски не е достапен и нема друг начин да биде информиран.
„Пред Основниот граѓански суд во Скопје е поднесена тужбата од тужителката Боркица Груевска од Скопје, против тужениот Никола Груевски од Скопје, со непозната адреса, за развод на брак, со вредност на спорот 20.000 денари“, се вели во огласот.
За привремен застапник на Груевски е поставена Габрилеа Јакшевски, адвокат од Скопје.
Боркица му е втора сопруга на поранешниот премиер , со кого се омажи во мај 2007 година и имаат две ќерки.
