За првпат и тоа на половина копје, се вееше бшњачкото знаме пред зградата на општина Чаир. Поводот за ова е 11 јули, годишнина од геноцидот во Сребреница. Токму на овој ден босанскиот јазик стана службен во Општина Чаир. Иницијативата за негово официјализирање доаѓа токму поради денешното одбележување на годишнината од геноцидот во Сребреница. Чаир е една од општините со концентрација на Бошњаци во Македонија.
-Единствената општина во која босанскиот јазик беше службен, беше Петровец. Овој пример сега го следи и општина Чаир. Општината го одбележа 11 јули и Сребреница, официјализирајќи го босанскиот јазик и поставувајќи го бошеачкото знаме пред општината-јавува репортерката на ТВ21.
Поставена е табла на која е опишано како ќе изгледа спомен обележјето кое ќе биде изградено во паркот во Чаир. Споменикот ќе биде долг 4 и широк 2 метри.
-Ќе има бетонски фундамент, потоа челична конструкција на која ќе биде опишан овој споменик. Ја поставивме оваа табла како скица, но откако ќе поминат сите процедури, јас сум убеден дека тоа ќе се случи за 45 дена, од денот кога ќе завршат изборите, ние ќе бидеме поактивни со Општинскиот совет за да ги поминеме сите процедури-рече Ганиу.
Белиот цвет за Сребреница е познат како симбол за сеќавање на геноцидот. 11-те листа го симболизираат денот 11 јули 1995 година. Белата боја на цветот го преставува страдањето на невините жртви, а зелената во средина ја преставува надежта за правда и признавање на геноцидот.
.