Македонија

Бошњаците и Горанците се здружија, БДС ќе ги застапува правата на Горанците

Раководствата на Здружението на Горанците-Скопје и на партијата Бошњачки демократски сојуз, по извршените усогласувања на ставовите, одржаа состанок на кој е потпишан Меморандум за соработка. Со овој меморандум Бошњачки демократски сојуз се обврзува да ги застапува правата на Горанците во Република Северна Македонија.  Во него, меѓудругото се вели:

-Бошњачки демократски сојуз искажа разбирање за проблемите со кои се соочуваат Горанците во Република Северна Македонија и кои на состанокот беа презентирани од страна на раководството на Здружението на Горанците.

-Бошњачки демократски сојуз е подготвен да даде поддршка на сите активности кои ќе бидат насочени кон подобрување на положбата на Горанците во Република Северна Македонија.

-Здружение на Горанците – Скопје и Бошњачки демократски сојуз сметаат дека заеднички треба да работат на взаемна подршка во сите полиња затоа што тоа е единствениот начин кој ќе ја подобри положбата и статусот на Горанците и Бошњаците во Република Северна Македонија.

-Здружението на Горанците искажа подготвеност со свои претставници да даде поддршка на Бошњачкиот демократски сојуз преку ангажирање на своите членови во сите места каде што заедно живеат.

-Здружението на Горанците – Скопје ја подржува партијата Бошњачки демократски сојуз во нејзиното делување.

Меморандумот од страна на Здружението на Горанците беше потпишан од Емрах Џафче и Един Бајрами, додека од страна на БДС потписот го стави претседателот на партијара Мунир Колашинац.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни