Балкан

Босна и Херцеговина доби кандидатски статус за членство во ЕУ

Босна и Херцеговина доби кандидатски статус за членство во ЕУ

Шефовите на влади или држави на земјите-членки на Европската Унија на денешниот самит ја потврдија препораката на Европската комисија и на Босна и Херцеговина и доделија статус на кандидат за членство во ЕУ.

Лидерите од членките на Унијата, денеска без дискусија ја потврдија препораката која пред два дена ја договорија министрите за европски прашања Босна и Херцеговина да добие статус на земја кандидат за членство во Европската унија.

Пред состанокот на министрите за европски прашања во вторник во Брисел, хрватскиот и грчкиот премиер Андреј Пленковиќ и Киријакос Мицотакис испратија писмо до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен во кое ја истакнаа силната поддршка за европската интеграција на Босна и Херцеговина.

Пратеничката во Европскиот парламент Жељана Зовко, која ја поздрави одлуката на претставниците на ЕУ, потврди дека Европскиот совет донел таква одлука.

„Босна и Херцеговина официјално доби кандидатски статус за членство во Европската Унија. По препораката на Комисијата од октомври, шефовите на држави или влади на ЕУ и доделија кандидатски статус на БиХ за време на самитот на Советот на ЕУ во Брисел“, посочи Зовко.. Пратеничката во Европскиот парламент Жељана Зовко, која е и потпретседателка на Комитетот за надворешни работи на ЕП и дел од пратеничката група на ЕПП и Делегацијата на ЕП за односи со Косово и Босна и Херцеговина, ја поздрави оваа историска одлука. „Босна и Херцеговина стана потенцијален кандидат за членство во Европската Унија во 2003 година, а во 2016 година поднесе барање за кандидатура“, беше објавено на страницата на европратеничката Жељана Зовко.

Како што беше претходно нагласено во препораката, од Босна и Херцеговина се бара да работи на реформите, како и да ги исполни 14-те приоритети на Европската Комисија, кои Босна и Херцеговина ги доби во 2019 година.

„Ова вклучува мерки за зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал и управувањето со миграцијата. Реформските приоритети главно се однесуваат на 14-те приоритети презентирани од Европската комисија во 2019 година“, се наведува во одлуката на Европскиот совет.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни