Брачни пар одбиен за посвојување на дете – причината несекојдневна

Брачен пар од Англија, чиј идентитет го заштитија локалните медиуми, за Метро изјави дека бил одбиен за посвојување дете поради прекумерна тежина.

Мажот и жената се обидувале да имаат дете три години, пред да решат да го направат она што најмногу го сакаат преку Бернардос, агенција за посвојување.

  • Во тоа време и двајцата имавме добри работни места, покрив над глава, сите услови да бидеме избрани. Се се одвиваше без проблеми додека претставник на агенцијата во разговор ни кажа дека ќе бидеме одбиени доколку и двајцата не ги ослабеме итно, вели жената.

И двајцата мислеа дека човекот се шегува бидејќи никогаш не слушнале за слични примери во нивните животи, но тоа се покажа како точно тврдење.

  • По некое време повторно дојдовме кај него на разговор. Кога виде дека не сме ослабеле, не пречкрта. Почнавме да плачеме. Бевме многу вознемирени, не можевме туку така да се одлучиме на тој чекор – рекла жената.

Најмногу ги изнервирало границата која агенцијата ја поставила за тежината на идните родители.

  • Се зачудивме кога видовме дека мораме да изгледаме речиси како манекенки за да посвоиме дете. Тој став го оправдаа со тоа што идниот родител кој физички не се грижи за себе, истото ќе го направи и со детето. Се откажавме и разочарани си отидовме дома – рекла жена на која не му се исполни сонот да стане мајка.