Македонија

Брако за два дена испорача 14 возила за одржување на хигиена

Брако за два дена испорача 14 возила за одржување на хигиена

Компанијата Брако, членка на групацијата Феро инвест, продолжува со извозот на повеќе модели на возилата за одржување на хигиена во урбани средини Грин машинс, овојпат во Обединетото Кралство, САД, Хрватска и Полска. За само два дена стручните лица во Брако подготвија и испорачаа вкупно 14 возила, од кои по 6 во Обединетото Кралство и САД и по едно во Полска и Хрватска.

Клиентите во Англија, во Калифорнија во САД и во двете други европски држави го збогатија и обновија возниот парк за одржување хигиена на надворешни површини со најпродаваниот електричен модел GM 500 ze и надградената верзија на GM 636 Stage V, која што претставува нова генерација на возила, со нови филтри за намалени издувни гасови. Во пратките се најдоа и неколку возила од моделите GM400ze i GM424TR. GM400 од оваа година е достапно во целосна електрична верзија и e одлично осмислено и опремено возило со рачно управување кое со сите свои позитивни перформанси го освојува пазарот, додека моделот GM 424 TR е едно од најопремените возила дизајнирано за работа во секакви временски услови.

Благодарејќи на професионалноста, ангажираноста и посветеноста на инжинерско-техничарскиот кадар, Брако продолжува со континуитетот на производството на високо квалитетните урбани возила за одржување на хигиена и продолжува со испораки на возилата кон клиентите во целиот свет.

Комерцијален текст

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни