Бремпт за Трамп: Ако сака трговска војна, ќе ја добие!

ТВ21 во Брисел направи ексклузивно интервју со белгиската политичарка Кетлин ван Бремпт, пратеничка во Европскиот парламент.

Со неа разговарале за повеќе актуелни теми, вклучувајќи го и потенцијалното враќање на Доналд Трамп на власт и неговите најави за воведување царини кон земјите од Европската Унија.

„Трамп не ги почитува правилата. А, ние имаме многу правила. Ги имаме и Меѓународната трговска организација и меѓународните правила. Благодарение на нив сите знаат како да дејствуваат. А, тој не ги почитува тие правила. Затоа ни е тешко да процениме како ќе се одвива ситуацијата и како да се справиме со неа. Обично кога некој ги занемарува правилата и наметнува тарифи, мораме да преземеме противмерки. За време на првиот мандат на Трамп веднаш презедовме противмерки. Баравме производи кои би му наштетиле како Тексас, Бурбон, и им ставивме големи тарифи. Пак можеме да го направиме истото. Ако сака трговска војна, ќе ја добие. Ќе преземеме противмерки на истото ниво, преку тарифите“, рече Бремпт.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното