Брисел ги прифати барањата на македонската Влада – се решава проблемот со превозниците

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информираше дека од Брисел пристигнале позитивни вести во врска со долгогодишниот проблем со македонските превозници.

„Само што добив одлични вести од Брисел. Нашите ставови се прифатени, а возачите се признаени како професионалци – токму тоа што го баравме од самиот почеток“, истакна Николоски.

Според него, по протестите и засилената дипломатска активност во изминатиот период, Европската унија ќе донесе нова Визна стратегија, со која системски ќе се реши проблемот со ограничувањата со кои се соочуваа професионалните возачи од Македонија.

Николоски потенцира дека новата стратегија ќе овозможи трајно решение за статусот на превозниците и непречено функционирање на транспортниот сектор, што е од суштинско значење за економијата.

„Благодарност до сите пријатели на Македонија кои помогнаа во процесот и придонесоа за надминување на овој сериозен проблем“, порача вицепремиерот.