Брисел одлучува за престојот на возачите – Македонец казнет во Росток поради надминување на дозволените 90 дена

Европската комисија денеска одржува клучен состанок на работната група за изнаоѓање решение за престојот на професионалните возачи во Шенген зоната.

Целта е да се регулира правилото „90 во 180 дена“, кое во моментов претставува сериозна пречка за транспортниот сектор.

Додека се чекаат новите одлуки, контролите на терен се драстични.

Од Асоцијацијата Макам ТрансНа пристаништето Росток во Германија, македонски возач веќе е казнет со 150 евра поради пречекорување на престојот за само 3 дена. Возачот е принуден доброволно да ја напушти земјата со авион, додека возилото мора да го преземе друг возач од истата фирма.

Клучни предупредувања за превозниците:

  • Ригорозни казни: Второ пречекорување на дозволените денови може да резултира со 5-годишна забрана за влез во Шенген зоната.
  • Контролни пунктови: Најчести контроли се спроведуваат на пристаништето Росток (Германија) и во Салцбург (Австрија), кои се препорачува да се избегнуваат.
  • Задолжителна проверка: Апелираме до компаниите да не ги испраќаат на пат возачите кои веќе го искористиле лимитот од 90 дена или немаат доволно денови за да ја завршат турата.

По завршување на состанокот во Брисел, дополнително ќе информираме за новите правила и начинот на кој ќе се регулира продолжениот престој.