Британија во исчекување на оставката на Тереза Меј - 4NEWS.mk
Поврзи се

Свет

Британија во исчекување на оставката на Тереза Меј

Уште пред две недели британската премиерка Тереза Меј најави дека денеска ќе поднесе оставка од функцијата лидер на владеачката Конзервативна партија, откако имаше неколку неуспешни обид за излез на Британија од Европската Унија. Сепак, таа ќе остане Премиер се до избор на нејзин наследник од редовите на партијата.

Изборот за лидер на конзервативците е отворен за 313 пратеници на таа партија. Конечната одлука ја носат со гласање околу 120.000 членови на партијата низ цела Британија. Гласањето ќе стартува на 10 јуни.

Меј за дел од политичарите е најнеуспешната премиерка на земјата, а дел од нив истакнуваат дека ќе продолжат по нејзиниот пат, односно ќе се залагаат Британија да ја напушти Европската унија.

Меј е премиерка од јули 2016 година.

 

The post Британија во исчекување на оставката на Тереза Меј appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com