Свет

Британската полиција го уапси Џулијан Асанж

Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж е уапсен денеска во Лондон, соошти британската полиција.

Асанж бил уапсен откако ја напуштил амбасадата на Еквадор во главниот град на Англија. Тој таму минал неколку години од страв од екстрадиција во САД.

Викиликс го обвини Еквадор дека незаконски го поништил азилот на Асанж во амбасадата.

Во средата беше соопштено дека Асанж бил предмет на софистицирана шпионска операција од еквадорската амбасада во која се наоѓа од 2012 година.

„Викиликс“ ја откри големата операција на шпиунирање против Асанж во таа амбасада, изјавила Кристин Храфнсон, главната уредничка на „Викиликс“ и притоа истакна дека иселувањето на Асанж од амбасадата може да се случи во секое време.

The post Британската полиција го уапси Џулијан Асанж appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни