Британската Влада му изрази целосна поддршка на својот амбасадор во САД, Ким Дерок, откако америкнскиот претседател Доналд Трамп кажа дека веќе „нема да има работа со него“.-Не го познавам амбасадорот, но за него нема добро мислење во САД, нити тој им се допаѓа. Веќе нема да имаме работа со него, наведе Трамп вчера на Твитер, пренесоа западните агенции.
Трамп ја критикуваше и британската премиерка Тереза Меј, наведувајќи дека добрата вест за Велика Британија е тоа што наскоро ќе има нов премиер.
Дипломатските депеши што претходно протекоа во јавноста открија дека британскиот амбасадор во САД смета дека администрацијата на претседателот Трамп е неспособна и дисфункционална и дека е мала веројатноста да се подобри.
