Свет

Британскиот премиер се извини што возел во автомобил без појас (ВИДЕО)

Британскиот премиер се извини што возел во автомобил без појас (ВИДЕО)

Британскиот премиер Риши Сунак се извини за грешката што ја направил со тоа што не го ставил појасот додека се возел во автомобил за да сними клип за социјалните мрежи, објави Ројтерс, повикувајќи се на денешна изјава на портпаролот на Даунинг стрит.

Клипот, во кој Сунак зборува за најновите финансиски мерки преземени од владата за „подигнување на животниот стандард“ на заедниците низ целата земја, беше широко споделен на социјалните мрежи. Во него, Сунак се гледа како зборува со камерата од задното седиште на својот автомобил без да носи појас.

„Премиерот го соблече безбедносниот појас за да сними краток клип. Тој признава дека тоа било грешка и се извинува“, изјави денеска за новинарите портпаролот на Даунинг стрит.

Во Обединетото Кралство, едно лице може да биде казнето до 500 фунти за неврзување на појас додека вози. Исклучок може да се направи само за возилата на итната служба, во такси или кога возачот вози во рикверц, потсетува агенцијата.

Запрашан од новинарите дали Сунак поради некоја причина искористил исклучок од правилата и затоа не го ставил појасот, портпаролот одговори: „Тоа беше грешка и тој се извини“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни