Британското воено разузнавање соопшти дека борбите околу Северодонецк продолжуваат

Тешките борби и гранатирањето продолжуваат додека руските сили се обидуваат да ја опколат областа Северодоњецк, напредувајќи од север преку Изум и од југ преку Попаснаја, соопшти денеска британското Министерство за одбрана, пренесе Ројтерс.

„Многу е веројатно Русија да подготвува обид да испрати голем број засилувања во Донбас“, се наведува во дневниот извештај на министерството за ситуацијата на бојното поле во Украина.

Се вчитува...

Жртвите сочинуваат околу 55 отсто од првичните сили на самопрогласената Народна Република Доњецк, една од руските сепаратистички структури во источна Украина, се вели во извештајот.

Податоците објавени од Народна Република Доњецк покажуваат дека до 16 јуни, 2.128 војници биле убиени во борби, а 8.897 биле ранети од почетокот на 2022 година, според извештајот објавен на Твитер.

Руските власти не го открија бројот на воените жртви во Украина од 25 март, додаде Министерството.