Една од најпознатите американски поп-пејачки Бритни Спирс се сврши со своето 27-годишно момче Сем Асгари.
Таа на својот Инстаграм профил објави објави видео на коешто се пофали со дијамантскиот прстен, а истото го погледнале над 1,6 милиони корисници.
За свршувачката пристигна честитка и од американската старлета Парис Хилтон.
Бритни го запозна својот сегавеќе свршеник во 2016 година на снимањето на видеоспотот за песната „Slumber Party“.
Инаку, пејачката има две деца од претходниот брак со раперот Кевин Федерлајн, а претходно кратко омажена и за нејзиниот пријател од детството – Џејсон Александар, но тој брак траеше само 55 часа.
Бритни Спирс се прослави со хитовите „Toxic“, „Womanizer“, „Baby One More Time“, „Scream and Shout“, „I Wanna Go“ и „Till the World Ends“.
