Брнабиќ и Курти се скараа на форумот во Блед

Српската премиерка Ана Брнабиќ и косовскиот премиер Албин Курти имаа вербален конфликт на Бледскиот стратешки форум за тоа дали Косово е независно или не и за тоа кој е подобар кандидат за Европската унија.

Курти рече дека е време сите шест земји од Западен Балкан да се признаат меѓусебно.

Брнабиќ истакна дека за неа Косово и Србија се една земја, дека не станува збор за две земји и дека Косово не е членка на Обединетите нации, како и дека се сомнева дека ќе стане членка на ЕУ. барем додека има двајца непризнавачи.

Таа додаде дека нормализацијатана односите е меѓу Белград и Приштина, е во интерес на Србите и Аланите, но и на целиот регион и дека ова прашање е високо на приоритетната на Србија.

Брнабиќ посочи дека нормализацијата започна со Бриселскиот договор пред повеќе од 10 години и дека единственото нешто што требаше да го направи Приштина е формирањето на Заедницата на српските општини, која сè уште не постои, а Курти рече дека Бриселскиот договор не постојат за него.

Курти кажа дека Србија не се огради ниту од Милошевиќ ниту од Путин и дека тојсака да ги нормализира односите и тоа би го направил ако неговиот сосед била, на пример, Чешка.

„Нормализација на односите со Србија е многу тешка. Можно е да се стигне до неа. Треба да го спроведеме договорот што јас и српскиот претседател Александар Вучиќ го договоривме во Брисел, но нормализацијата во реалноста значи отсуство на конфузија за реалноста и фантазијата, а тоа е нешто на што не можам да помогнам“, рече Курти.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното