Бројот на смртни случаи од предозирање во САД се намалил за рекордни 27 проценти

Бројот на смртни случаи од предозирање со дрога во Соединетите држави падна за речиси 27 отсто минатата година, што е најголем пад досега, како и најниско ниво од 2019 година. Скоро 80.391 лице починале од предозирање со дрога во САД во 2024 година, споредено со 110.037 смртни случаи една година порано, според проценките на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Бројот на смртни случаи предизвикани од синтетички опиоиди, вклучително и фентанил, се намали за речиси 37 отсто на 48.422 во 2024 година во споредба со претходната година, соопшти ЦДЦ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното