Свет

Бројот на загинати од израелските напади врз Газа се искачи на 5.791 – од нив 2.360 се само деца

Бројот на загинати од израелските напади врз Газа се искачи на 5.791 – од нив 2.360 се само деца

Најмалку 5.791 Палестинец се убиени во израелските напади врз Газа од 7 октомври, меѓу кои 2.360 деца, соопшти Министерството за здравство на Газа.

Во соопштението се посочува дека само во претходните 24 часа биле убиени 704 Палестинци.

Исто така, околу 1,4 милиони од 2,3 милиони жители на Газа сега се раселени, соопшти хуманитарната агенција на ОН во најновото ажурирање на податоци.

Според извештаите, недостигот на чиста вода за пиење, како и пренаселеноста, станаа главна грижа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни