Бројот на жртви во страшниот пожар, кој избувна во вторник вечерта во Домот за стари лица во Тузла, се зголеми на 12, откако денес едно лице почина во Универзитетскиот клинички центар во овој град.
Починатиот бил сместен во Домот за стари лица, а починал на Клиниката за реанимација и анестезиологија.
МУП на Тузланскиот кантон бил информиран за смртта на уште едно лице од Универзитетскиот клинички центар. Истрагата за оваа трагедија е сè уште во тек.