Македонија

Бројот на заостанати предмети во Катастар е намален

Бројот на заостанати предмети во Катастар е намален

Бројот на заостанати предмети во подрачните одделенија на Агенцијата за катастар за недвижности е намален за 85%, соопштија од Катастар.

– Соодветната организација во работењето, грижата за вработените, инвестирањето во човечки ресурси и материјални средства, го дава посакуваниот ефект. Кога дојдов во агенцијата, затекнав повеќе од 5000 нерешени предмети, таа бројка денес е намалена за повеќе од 80%, а без застој се решаваат и тековните предмети, вели директорот Иван Живковски.

– Целта на агенцијата да биде вистински сервис на граѓаните, каде тие ќе добијат квалитетна услуга по нормални цени. Во таа насока покрај решавањето на заостанатите предмети, во тек е и процесот на дигитализација на услугите, кој се одвива според планираната динамика. Исто така, наскоро ќе биде спроведено и намалувањето на цените на услугите, што беше најавено минатиот месец. До крајот на годината, Агенцијата ќе презентира уште неколку важни проекти кои ќе овозможат полесен пристап на граѓаните и компаниите до услугите на катастарот, стои во соопштението од Агенцијата за катастар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни