Македонија

Бројот на заразени расте, партиите со кампања – со заштитни маски се делат летоци за избори во Куманово

Со заштитни маски, носителот на листа во ИЕ2 од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски заедно со други партиски активисти дела летоци во Куманово. На ваков начин започна кампањата за предвремените парламентарни избори. Спасовски настојува дека изборите треба да се одржат на 5 јули. Тој додаде дека изборите по есен се опасна идеја за здравјето на граѓаните и домашната економија.

Од ВМРО-ДПМНЕ со став дека е морбидно да се зборува за избори кога секој ден расте бројот на заразени со Ковид-19.

И Крешник Бектеши рече дека ДУИ е подготвена за избори дури и седната недела, но дека ги следат препораките од епидемиолозите.

Предвремените парламентарни избори првично беа закажани за 12 април, но поради епидемијата со новиот вирус, се одложија на неодреден рок.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни