Бројот на жители во Турција оваа година се зголеми за повеќе од 315.000, така што до 1 октомври достигна речиси 86 милиони, според најновите статистички податоци.
Како што објави Турскиот институт за статистика (TUIK), во 2024 година Турција имала 85.664.944 жители, а оваа година тој број ќе се зголеми на повеќе од 85.980.650, објави агенцијата Анадолу.
Од вкупното население, процентот на машкото население е 50,02 проценти, или повеќе од 43 милиони, додека учеството на женското население е 49,98 проценти има малку повеќе од 42,9 милиони жени, според статистичките податоци објавени од турската агенција.