Балкан

Бројот на жртви од страшните поплави во БиХ се зголеми на 18

Бројот на жртви од страшните поплави во БиХ се зголеми на 18

Според последните информации, најмалку 18 лица загинале во катастрофалните поплави кои го зафатија поголемиот дел од Босна и Херцеговина.

Според информациите на Аваз, во Јабланица загинале најмалку 16 лица, додека во Фојница се пронајдени две тела – една жена и еден маж.

Да потсетиме, обилните врнежи во текот на ноќта ја зафатија Босна и Херцеговина и предизвикаа смртоносни поплави во повеќе градови.

Катастрофални поплави ги погодија Кисељак, Крешево, Бусовача и Фојница, а најмногу Јабланица, поради што на повеќе места е прогласена состојба на елементарна непогода.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни