Бројот на жртви од тајфунот Калмега, кој ги погоди централните Филипини, се искачи на 39, изјави денес локален владин претставник.
Смртните случаи се должат на давење и урнати објекти, изјави во телефонска порака покраинската информативна служба Анџелисе Оронг, објави Ројтерс.
Тајфунот предизвика ненадејни поплави кои ги заробија жителите на покривите и ги потопија автомобилите во неколку населби, а исто така расели и десетици илјади луѓе, објави АП.