Свет

Бројот на жртви во пожарот во Хонг Конг се искачи на 160, шестмина се водат како исчезнати

Бројот на жртви во пожарот во Хонг Конг се искачи на 160, шестмина се водат како исчезнати

Бројот на жртви во пожарот што минатата недела зафати седум солитери во Хонг Конг се искачи на 160, објави денес локалната полиција, додавајќи дека уште шест лица се водат како исчезнати.

Полицискиот комесар денес изјави и дека следната фаза од работата на локацијата ќе вклучува отстранување на скелиња за да се бараат телата, објавува „Саут Чајна Морнинг Пост“.

Најлошиот пожар во Хонг Конг во последните 17 години ги зафати високите згради на станбениот комплекс „Ванг Фук Корт“ на 26 ноември.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни