Бројот на жртви во пожарот во станбен комплекс во Хонг Конг се искачи на 44

Бројот на жртви во пожарот што го зафати станбениот комплекс во Хонг Конг се искачи на 44, а 45 повредени се во критична состојба, објави денес полицијата.

Во соопштението се наведува дека три лица на возраст меѓу 52 и 68 години се уапсени под сомнение за убиство од небрежност.

Полицијата соопшти дека добила повеќе пријави за луѓе заробени во најмалку седум згради што биле зафатени од пожар.