Бугарија подготвена за воведување на еврото од 1 јануари

Бугарија ги исполни сите неопходни услови за приклучување кон еврозоната и е подготвена да ја воведе единствената европска валута од 1 јануари 2026 година. Ова произлегува од најновиот извештај за конвергенција на Европската комисија, пренесе БГНЕС.

Извештаите на Европската комисија и Европската централна банка (ЕЦБ) ќе бидат разгледани на состанокот на министрите за финансии од Еврогрупата, закажан за 19 и 20 јуни во Луксембург. Подоцна, на самитот на Европската унија на 26 и 27 јуни, овие документи ќе бидат ставени на разгледување и од страна на лидерите на земјите-членки.

На 30 јуни се очекува Европската комисија да го предложи и официјалниот девизен курс, кој, според очекувањата, нема значително да се разликува од сегашниот курс воспоставен преку валутниот одбор.

Конечната одлука за пристапување кон еврозоната се очекува на 8 јули, кога земјите од Еврогрупата ќе ги донесат правните акти за усвојување на еврото во Бугарија.

Со овој чекор, Бугарија ќе стане целосно интегрирана во Европската унија, откако на почетокот на 2025 година се приклучи и на копнениот дел од Шенген-зоната.

Инаку, Бугарија е членка на Европската унија од 1 јануари 2007 година.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното