Бугарија, Романија, Србија и Грција потпишаа меморандум за заедничка кандидатура за СП во фудбал - 4NEWS.mk
Поврзи се

Балкан

Бугарија, Романија, Србија и Грција потпишаа меморандум за заедничка кандидатура за СП во фудбал

Министрите за спорт на Бугарија, Романија, Србија и Грција, заедно со претседателите на националните Фудбалски федерации, потпишаа меморандум за учество во заедничка кандидатура за организација на европското првенство во 2028 и светското првенство во 2030 година. На средбата во Солун е потпишан договор со кој се официализира формирањето на организациски комитет за подготовка на заедничката кандидатура за домаќин на СП 2030 и ЕП во 2028.

За време на разговорите биле разгледани главните аспекти поврзани со подготовката на заедничката апликација. Околу 70% од подготовките ќе се однесуваат на спортската инфраструктура во секоја од четирите земји. Освен декларираната политичка поддршка од страна на сите, по официјалниот почеток на подготовките треба да има сериозни гаранции дека ниту една држава нема да се откаже до завршување на процесот – без разлика на политичката ситуација во земјите.

The post Бугарија, Романија, Србија и Грција потпишаа меморандум за заедничка кандидатура за СП во фудбал appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com