Македонија

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради пестицид

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената граница.

Пратката пристигнала преку граничниот премин Златарево и била наменета за трговец во Петрич. Пиперките биле задржани и ставени под забрана за продажба додека се чекале резултатите од анализите.

Откако било потврдено дека нивото на пестицидот е над дозволеното, бугарската Агенција за безбедност на храната наредила целото количество да биде вратено во земјата на потекло. Пиперките не биле пуштени во продажба во Бугарија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни