Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Македонија

Богдановиќ за автобусите од Македонија на митинзите на Вучиќ: Се изнајмуваат поради недостиг на превоз во Србија!

Богдановиќ за автобусите од Македонија на митинзите на Вучиќ: Се изнајмуваат поради недостиг на превоз во Србија!

Поранешниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ, во гостување во „Ноќно студио“ на 4ТВ ги коментираше информациите за автобуси од Македонија кои биле забележани на политички собири во Србија.

На прашањето дали автобусите биле организирани за поддршка на Александар Вучиќ, Богдановиќ објасни дека, според неговите сознанија, превозници од соседните држави се ангажираат кога во Србија нема доволно расположливи автобуси за превоз на партиски членови и симпатизери.

„Го познавам и сопственикот на автобусите. Обично кога има недостиг на автобуси во Србија, се изнајмуваат од соседните држави“, рече Богдановиќ.

Тој посочи дека е можно со одредени автобуси од Македонија да патувале и лица кои имаат блиски врски со Србија или престојувалиште во земјата.

Богдановиќ се осврна и на видеоснимка поврзана со митинг во Ниш, наведувајќи дека автобусите биле ангажирани за превоз на симпатизери и членови од други градови, меѓу кои Врање и Лесковац.

Според неговото објаснување, самото присуство на автобуси со македонски регистарски ознаки не значи дека со нив задолжително биле превезувани граѓани од Македонија за политичка поддршка.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни