Балкан

Бундестагот го ратификуваше НАТО протоколот, караница за датумот за преговори на РСМ со ЕУ

Германскиот Бундестаг го ратификуваше протоколот на членство на Северна Македонија во НАТО. Германија стана 16 земја членка која даде зелено светло за членство на земјава во северно-атланскиот сојуз. Но, на седницата пратениците влегоа во жестоки расправии, најмногу за оддолжувањето на добивањето датум за преговори со Европската унија. Јирген Тритин пратеник на опозициските зелени ја вжешти атмосферата откако рече дека за почетокот на преговорите на Скопје и Брисел судир има и во самата германска влада. Истакна дека грчкиот премиер Алексис Ципрас со потпишувањето на Преспанскиот договор ја жртвувал својата политичка кариера и дека поради тоа ќе ја загуби власта на следните избори.

На ова реагираа двајца пратеници од партијата на канцеларката Меркел ЦДУ Кристијан Шмит и Петер Брејер. Според нив ставовите на Тритин немаат врска со реалноста и дополнија дека членството на Северна Македонија во НАТО е готова работа без оглед кој е на власт во Грција. Сепак Брејер критикуваше дека на земјава и се потребни дополнителни напори во делот на борбата против организираниот криминал, корупцијата, правосудството и јавната администрација.

И додека трае процесот за ратификација на протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, кое се смета за завршена работа, се повеќе на површина излегува неизвесноста околу добивањето на датумот за старт на преговорите со Европската унија. За ова прашање со анализа излезе австриски „Пресе“. Во својот текст истакнува дека политиката на проширување е во ќорсокак, наведувајќи дека алтернатива може да биде формирање Балканска Унија и заедно да се приклучат кон Европската унија.

Во анализата „Пресе“ додава дека предупредувањата според кои тогаш Кина, Русија и Турција би го поделиле регионот меѓу себе би добиле брза потврда и со тоа и за политичка стабилност на Кремљ укажува весникот. Поради тоа ќе биде потребен предлог за нов однос меѓу Унијата и Западен Балкан и тоа со понуда во рок од десет години да се изгради Западнобалканска унија по пример на ЕУ.

РЕПОРТЕРКА: СВЕТЛАНА УНКОВСКА

The post Бундестагот го ратификуваше НАТО протоколот, караница за датумот за преговори на РСМ со ЕУ appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни