Бурниот љубовен живот на Кристијано Роналдо: “Раскинавме бидејќи ги сакаше проститутките”

Кристијано Роналдо веќе 10 години е една од најголемите фудбалски ѕвезди. Иако беше прилично неугледен кога пристигна во Манчестер Јунајтед, многу брзо се претвори во “лебед” и почна да ги заведува сите жени кои му застанаа на патот.

Овие денови светските медиуми шират гласини за тоа дека Роналдо во 2009 година сексуално злоупотребил студентка од Лас Вегас во еден хотел. Наводно тоа се случило во период кога Роналдо премина во Реал Мадрид од Манчестер и така ги разочарал сите девојки во Велика Британија. Една од неговите девојки, со која се забавуваше во 2009 година беше Џема Аткинсон.

 

Русокосата во едно интервју раскажа за првиот љубовен состанок со Роналдо, велејќи дека бил необичен и дека биле кај неа дома, пиеле чај и гледале филм.

Како причина за раскинувањето Џема рекла дека голема улога одиграа медиумските натписи за тоа дека Роналдо сакал да биде во друштво на проститутки.

Пред Џема, јавноста ја следеше возбудливата врска на Роналдо и Нереида Гаљардо, која обожуваше да споделува голи фотографии. Роналдо после неколку месеци ѝ раскина по пат на СМС порака.

После овие две девојки, се зборуваше дека Роналдо успеал да ги заведе Парис Хилтон и Ким Кардашијан иако овие врски никогаш не биле потврдени. Но, Роналдо подоцна започна да се забавува со руската манекенка Ирина Шајк со која почна да живее откако се роди неговиот син Кристијано Роналдо Џуниор. Парот беше во врска пет години, а Ирина раскажа дека фудбалерот постојано ѝ ја нарушувал самодовербата.

 

Целосна поддршка Роналдо има и од својата партнерка, Џорџина Родригез, која го следела од трибините, во саботната победа против Наполи. Освен тоа, порака за поддршка му испратила и на Инстаграм.

“Препреките со кои се соочуваш, секогаш ги трансформираш во импулс и секогаш имаш сила да покажеш колку си голем. Ти благодарам што поради тебе уживаме во секој натпревар. Секогаш си сѐ подобар. Те сакам”, напишала манекенката.

 

Италијанскиот клуб одбил да ги коментира гласините на „Дер Шпигел“, кои го обиколија светот, а адвокатот на Роналдо вели дека од нив ќе бара надоместок за „морална штета“ и тврди дека станува збор за најсериозно кршење на правилата на неговиот клиент во последните неколку години.

Уредникот на „Дер Шпигел“, Алфред Винзиерл, за „Reuters“ изјавил дека неколку пати го контактирале менаџерот на Роналдо, пред објавување на содржината. „Поставуваме прашања на кои не добивме одговор. Никој претходно не нѐ тужел за објави за Роналдо.“

Мајорга рекла дека не може да се држи до договорот за молчење, бидејќи страда од сериозни психички последици, од таа ноќ, која била пред 9 години. „Имав серизен нервен слом“, рекла за магазинот. „За силувањето го обвинувам него, но и себе, бидејќи се согласив да молчам, со тоа што потпишав договор“, додала таа.

 

Во меѓувреме, „CNN“ пренесува дека Мајорга и службено поднела тужба против фудбалерот.