ChatGPT ќе пишува еротика

Како дел од политиката на компанијата да ги „третира возрасните корисници како возрасни“, ChatGPT ќе може да создава сексуална содржина откако целосно ќе биде воверен системот за верификација на возраста.

„Во декември, кога целосно ќе ја воведеме проверката на возраста и во согласност со принципот ‘третирај ги возрасните корисници како возрасни’, ќе дозволиме и повеќе, како еротика за верификувани возрасни“, напиша Сем Алтман на платформата X.

Сепак, најавата не беше прифатена позитивно од сите.

Еден корисник го праша Алтман:

„Зошто проверката на возраста секогаш мора да води до еротика? Само сакам да бидам третиран како возрасен, а не како дете — тоа не значи дека сакам да се активира ‘перверзен режим’.“

Алтман одговори:

„Нема да го добиеш тоа, освен ако сам не побараш.“

Според соопштението, ChatGPT бил направен „доста рестриктивен“ за да се внимава на менталните здравствени прашања.

„Бевме многу внимателни со менталното здравје. Со оглед на сериозноста на оваа тема, сакавме да бидеме сигурни дека го правиме правилно,“ изјави Алтман.

Во август, семејството на тинејџерот Адам Рејн поднесе тужба против OpenAI поради неговата смрт — првпат компанијата се соочи со тужба за „смрт поради немарност“.

Родителите го обвинија Алтман дека го ставил профитот пред безбедноста, откако ChatGPT му дал инструкции на нивниот син како да си го одземе животот и дури му понудил да му напише проштално писмо.

Во тој момент, OpenAI за Sky News изјави дека научиле дека нивните безбедносни мерки „понекогаш стануваат помалку сигурни во подолги разговори, кога делови од тренингот за безбедност на моделот може да ослабнат“ и најавија дека постојано ќе ги подобруваат тие мерки.

„Сега, кога успеавме да ги ублажиме сериозните прашања со менталното здравје и имаме нови алатки, ќе можеме безбедно да ги олесниме рестрикциите во повеќето случаи,“ изјави Алтман во вторникот навечер.

„За неколку недели ќе објавиме нова верзија на ChatGPT што ќе овозможи корисниците да изберат ‘личност’ што ќе се однесува повеќе како моделот 4o — и се надеваме дека ќе биде уште подобар!“

Последниот модел, ChatGPT 5o, беше критикуван од дел од корисниците дека е „помалку игрив и креативен“ од претходниот.

Сега, OpenAI ќе овозможи моделот 5o да одговара „на многу похуман начин“ и, по желба на корисникот, „да користи многу емоџи или да се однесува како пријател“.

Еден корисник на X во одговор на Алтман напиша:

„Конечно… ChatGPT порано изгледаше како личност со која навистина можеш да разговараш, а потоа се претвори во бот за усогласеност. Ако повторно стане забавен, а ги задржи безбедносните граници — тоа е огромна победа. Луѓето не сакаат хаос, туку автентичност.“