Македонија

Чекал на семафор и починал – детали за смртта на таксистот во Скопје

Работел, чекал на семафор зелено светло и починал – ова се првичните информации до кои дојде ТВ21 за случајот за кој претходно објавивме дека вечерва таксист починал на семафори под Железничката станица во Скопје.

Педесет и осумгодишниот М.П. е таксистот кој вечерва бил пронајден починат во своето такси возило „Фиат Линеа“, а случајот во полиција го пријавил случаен минувач.

„Се работи за починато лице – таксист, М. П. род. 1961. Кај него е констатирана смрт без траги на насилство од лекар на Итната медицинска помош. М.П. претходно имал проблеми со срцето“, велат од МВР.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни