Две лица се убиени, а едно е тешко повредено во пукотница во близина на основно училиште во градот Смржовка во округот Јаблонец во Чешка.
Полицијата објави дека се убиени маж и жена, а осомничениот е уапсен и однесен во болница со хеликоптер, објави чешкиот портал „Новинки“.
„На самото место е пронајдено оружје. Сите околности на настанот се предмет на понатамошна истрага“, изјави портпаролката на полицијата Клара Јеничкова.
