Македонија

Честитка од Мицкоски по повод Божик

Честитка од Мицкоски по повод Божик

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод Божиќ.

„Дозволете ми од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од католичка вероисповед да ви го честитам големиот христијански празник Божиќ.

Овие празнични денови нека донесат мир и спокој во вашите домови, добро здравје, радост и среќа.

Во духот на христијанството потребно е да ги негуваме вредностите на толеранција, почитување, да се сплотиме и обединеме сите заедно.

Во овие мигови да си спомнеме за луѓето кoи се борат против сиромаштијата, кои ги споделуваат тешките времиња на неизвесност и несигурност, на оние кои немаат да си дозволат пристојна трпеза во своите домови. Да работиме да се смени таа реалност. Убеден сум и знам дека со многу работа и цврста волја можеме да ја промениме лошата реалност.

На граѓани им е доста од колективните неуспеси, потребна е промена за подобра иднина и нова надеж.

Од Македонија мораме да создадиме држава на задоволни и среќни граѓани, со квалитетен и подобар живот. А тоа можеме да го постигнеме со меѓусебно разбирање и заедништво.

Добрината и љубовта нека биде водилка во вашите срца, а светлината и топлината нека бидат присутни во вашите домови.

Нека е за многу години големиот христијански празник Божиќ.

Христос се роди!

Навистина се роди!“, напиша Мицкоски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни